Пелистер со маестрална втора четвртина до убедлив триумф кај Феникс

Кошаркарите на Пелистер славеа победа на гостувањето кај Феникс 2010, триумфирајќи со убедливи 80-95 во натпреварот од петнаесеттото суперлигашко коло. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Феникс 2010 и Пелистер: 

Првиот период се одигра во крајно израмнета игра, но гостите од Битола зададоа сериозен удар во втората четвртина, која ја добија со 29-13, најавувајќи дека се крајно расположени за освојување на бодовите. 

Големата предност од паузата се задржа и во второто полувреме, иако домаќините се обидоа барем малку да го ублажат поразот. „Зелено-белите“ рутински ја довршија задачата и на крајот славеа со конечни 80-95, за вкупно единаесетти триумф сезонава. 

Најдобар поединец во екипата на Пелистер беше Лангстон Вилсон со 20 поени, на во редовите на Феникс 14 поени запиша Алберт Матиеус. Во следното коло битолчани ќе го пречекаат тимот на Ангели, а Феникс 2010 ќе има тешко гостување кај ТФТ Скопје