Пелистер со една лоша четвртина запиша нов пораз во АБА2 лигата

Пелистер потклекна на домашен терен и не успеа да го добие дуелот на дното во АБА2 лигата со Војводина (66-75) во четвртото коло од тековната сезона.

Нападот на битолчани потфрли во третиот период, па тоа беше искористено од српскиот ривал. Водството се менуваше во корист на двете екипи, а на крај бодовите завршија на контото на Војводина.

По израмнетите воведни десет минути, кошаркарите на Илиевски заиграа подобро и ја презедоа контролата врз мечот. Пред паузата направија серија со која стигнаа до водство, кое го испуштија со лошиот почеток на второто полувреме. Српската екипа ја зацврсти одбраната, а тоа вроди со плод кога на семафорот стоеше 48-59 во пресрет на четвртиот квартал.

Пелистерци одлично го заполнаа последниот период, па тренерот на Војводина повика минута пауза, по која одговори со пет врзани поени. Двоцифрената разлика беше недостижна за Пелистер, кој го запиша третиот пораз во регионалното натпреварување. Малешевиќ постигна 15, Хотон заврши со 12, а по десет поени запишаа Кесар и Ѓуроски.