• Саше Љолес

Кошаркарите на Пелистер на одличен начин ја започнаа новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига и славеа победа на гостувањето кај Работнички со огромни 75-115.
- Комплетниот натпревар помеѓу Работнички и Пелистер:
Битолчани доминантно го започнаа мечот, ја добија првата делница со 27-13, а потоа Работнички одигра подобро и малку го ублажи првичниот удар, но сепак, на паузата имаше негатива од дванаесет поени (40-52).
Пелистер продолжи со „торпедирање“ и во второто полувреме, шутерите се разиграа и погодуваа од сите страни, додека Работнички полека започна да се распаѓа и немаше одговор за играта на мотивираните гости. Откако битолчани го добија третиот период со огромни 34-15, стана јасно дека скопскиот состав ќе забележи убедлив пораз пред своите гледачи.
Последните десет минути започнаа со резултат 89-56, па така гостинската екипа само рутински го доигра натпреварот и ја впиша премиерната победа во новата сезона.
Најдобар поединец кај пелистерци беше Никола Малешевиќ со 22 поени, додека во тимот на Работнички имаше еден расположен играч, а тоа беше Виктор Ефремовски, кој забележа дури 38 поени.









