Пелистер се засили со српски бек: Кочовиќ пристигна во Битола

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува да го засилува ростерот, а најновото име во битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ. Станува збор за 30-годишен бек со богато интернационално искуство, кој треба да донесе дополнителен квалитет и поголеми опции во играта на тренерот Тане Спасев.

Кочовиќ во досегашната кариера настапувал за повеќе клубови во Србија и во странство, меѓу кои Младост Чачак, Спартак Суботица, Металац, Младост Земун, Вршац, Борец Чачак, Мега, Сутјеска, Чачак 94, Царни Слупск и романска Орадеа. Зад себе има искуство од првенствата на Србија, БиХ, Црна Гора, Полска и Романија, а со Орадеа играше со успех за ФИБА Европа купот во кој играше со просек од 8,4 поени по меч.

Српскиот кошаркар веќе му се стави на располагање на тренерот Спасев и ќе биде во комбинација за следниот натпревар на Пелистер, против Работнички, кој е закажан за в недела од 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Со ангажманот на Кочовиќ, битолчани добиваат искусен играч од бековската линија, кој зад себе има настапи во неколку европски првенства и искуство од регионалната и меѓународната кошаркарска сцена.