• Иван Димовски

Битолски Пелистер, откако објави дека го продолжи договорот со Лука Стојановски, промовира и засилување за следната сезона.
Нов член на тимот е Виктор Ташовски. Младиот битолчанец, кој играше одлично во редовите на ТФТ, кариерата ќе ја продолжи во Пелистер. „Зелено-белите“ и Ташовски потпишаа едногодишен договор за соработка.
22-годишникот зад себе има доста успешна сезона. Ташовски беше еден од најдобрите играчи на ТФТ, имаше просек од 12 поени по натпревар, со четири асистенции и два скока на 30 одиграни средби.
Кариерата на Ташовски преку Вардар и МЗТ Скопје го водеше во ТФТ Скопје, каде што блесна и се етаблира во еден од најдобрите млади играчи во лигата.