Пелистер се разбуди и покажа моќ со Чаир, пет тројки на Митревски

Кошаркарите на Пелистер останаа перфектни во шампионатот и славеа над Чаир 2030 (104-74) во рамки на второто коло од најдоброто првенство во Македонија.

  • Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и Чаир 2030:

„Зелените“ во Битола се мачеа едно полувреме, а потоа работите си дојдоа на своето место за фаворитот. Гостинот од Скопје имаше плус од еден поен на паузата (47-48), а потоа шутерите на пелистерци, меѓу нив и македонскиот репрезентативец Андреј Митревски, влегоа во ритам и се дојде до убедлива победа.

Никола Малешевиќ беше најдобар кај Пелистер во втората победа со 23 поени и осум скока, пред Митревски со 15 поени, додека кај Чаир најмногу се истакна Американецот Билингслеј со 27 поени и 11 скока.

За Пелистер сега следи настапот во Европа Купот на ФИБА, каде следи меч со хрватскиот тим Цедевита Јуниор.