• Иван Димовски

Кошаркарскиот клуб Пелистер го комплетира ростерот со уште едно засилување од Соединетите Американски Држави. Нов член на битолскиот клуб е 23-годишниот центар Рузвелт Вилер, кој пристигнува со искуство од европската и јужноамериканската кошарка.
Вилер е висок 211 сантиметри и минатата сезона настапуваше за швајцарските екипи Женева и Масањо. Претходно своето име го градеше во американската колеџ-кoшарка, каде што настапуваше за универзитетите Луизвил и Ист Тенеси.
Новиот центар на Пелистер има освоено и шампионска титула во Чиле, каде што беше дел од екипата на Кулпе. Од клубот очекуваат неговата физичка сила и присуството под кошевите да бидат значаен адут во новата сезона.
Вилер во следниот период треба да пристигне во Битола, по што ќе му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев и ќе започне со работа со новите соиграчи.
