Пелистер потврди останување на уште тројца македонски кошаркари

По минатонеделната потврда за останување на Бобан Стајиќ и Љубомир Младеновски, вицешампионот Пелистер денес откри дека задржал уште тројца кошаркари во своите редови. Имено, искусниот Димитар Караџовски, плејмејкерот Дарко Најдовски и Георги Трајковски ќе играат во зелениот дрес и следната сезона.

Караџовски ќе ја испочитува и втората година од договорот, а Најдовски и Трајковски добија едногодишно продолжување на договорот. Претходно клубот од Битола ги официјализираше доведувањата на Двојаковски, Ристевски и Јовановски. Клубот наскоро ќе ги открие и странските засилувања.

Од ростерот од минатата сезона заминаа Кесар, Ѓуроски и Младеновиќ, веројатно ќе им се приклучат и Хотон, Пајиќ, Николиќ и Крстајиќ, а неизвесна е судбината на Малешевиќ.

Пелистер сезонава ќе ја претставува Македонија во АБА2 лигата, каде премиерно ќе игра и ТФТ Скопје.