Пелистер потпиша со уште еден перспективен македонски кошаркар

Екипата на Пелистер продолжува да го гради тимот за новата сезона со ангажман на уште еден перспективен македонски кошаркар. Нов член на битолскиот клуб е 24-годишниот Лука Савичевиќ, кој го прифати предизвикот да стане дел од проектот на „зелено-белите“.

Савичевиќ во Битола пристигнува од Феникс 2010, а претходно настапуваше и за Шпанската кошаркарска академија (СБА). Дел од својата кариера мина и во Соединетите Американски Држави, каде што играше во НЦАА-лигата за тимовите на Источен Мичиген и Лафајет колец, стекнувајќи значајно искуство во универзитетската кошарка.

Младиот кошаркар потекнува од македонската кошаркарска школа и во минатото го носеше дресот на МЗТ Скопје. Воедно, тој е стандарден член на младинските репрезентации на Македонија, каде што беше еден од носителите на играта во својата генерација.