Пелистер потфрли во Словачка и запиша нов евро-пораз

Екипата на Пелистер запиша нов пораз во Европа Купот на ФИБА. „Зелените“ гостуваа кај Приевидза и мечот заврши со висок триумф на домаќинот (97-78). Ова беше четврти пораз за пелистерци, со што ги загубија шансите за понатаму во втората рунда.

  • Комплетниот натпревар меѓу Приевидза и Пелистер:

Македонскиот тим имаше лоши три четвртини, па така му дозволи на ривалот да си го трасира патот кон победата од минута во минута. Во ниту еден наврат, екипата на Даскаловски не беше закана дека може да го повтори резултатот од Битола, каде славеше над овој ривал.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Рејнолдс со 23 поени, а Толберт имаше 17 поени, додека кај Пелистер, Брејси-Дејвис реализира 19 поени, а зад него беше Крстевски со 16 постигнати поени.

Во последниот европски меч за престиж, Пелистер дома ќе го пречека Керавнос.