• Мартин Танасковски

Екипата на Пелистер по три порази во низа на крајот на регуларниот дел, се врати во колосек на стартот на плеј-офот со домашен триумф над Маџари (84-72).
- Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и Маџари:
Битолските „зелени“ си ја завршија задачата релативно лесно, иако во претходното соочување со Маџари во Битола, доста се намачија за да победат. Екипата на Даскаловски покажа реакција по неуспесите против ТФТ, Тиквеш и Кожув.
Главната разлика која ја донесе победата на контото на Пелистер се случи во третиот период кој „зелените“ го добија со двоцифрена разлика во однос на ривалот (26-14).
Прв стрелец кај победникот беше Џенкинс со 30 поени, го следеше Малешевиќ со дабл-дабл од 13 поени и 10 скока, додека кај Маџари, Американците Армстронг и Луис постигнаа по 18 и 16 поени.




