• Горан Упале

Кошаркарите на Струмица ја запишаа првата победа во новата сезона од кошаркарската Суперлига, откако на домашен терен го совладаа Пелистер со убедливи 84-69. Струмичани одиграа одличен натпревар и заслужено се радуваа на триумфот, додека за битолчани ова е прв пораз сезонава, по победата над ТФТ на стартот на шампионатот.
- Комплетниот натпревар меѓу Струмица и Пелистер:
Домашниот состав ја загуби првата четвртина со 17-21, а потоа одигра брилијантно во вториот период, кој го реши во своја корист со неверојатни 26-9. Пелистер се обиде да се врати во продолжението, па ја доби третата четвртина со 21-15, но Струмица одговори во последниот период и со убедливи 26-18 ја потврди победата.
За победничкиот тим по 21 поен постигна Крафорд и Џејкобс, додека 19 имаше Пандев. За Пелистер на ниво беше Димитриев со 18 поени.








