Пелистер одигра една добра четвртина и впиша убедлив пораз од Цедевита Јуниор

Кошаркарите на Пелистер одиграа храбро против Цедевита Јуниор во ФИБА Европа купот, но мораа да се помират со висок пораз од конечни (74-95) во натпреварот од четвртото коло. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и Цедевита Јуниор:

Избраниците на Боро Даскаловски полошо го започнаа мечот од ривалот, имаа голема негатива на паузата (34-49), па иако потоа одиграа подобра трета четвртина, сепак заостануваа осум поени зад Цедевита. 

Пелистер имаше 22-7 во третата делница, но до крајот на овој период постигна само уште два поена, наспроти десетте на противникот (24-17). 

Последните десет минути започнаа со нова мини-серија на хрватскиот претставник, а Пелистер не успеа да се разигра ниту по тајм-аутот на домашната клупа. Цедевита повторно имаше 15 поени предност на пет минути до крајот, по што веќе стануваше јасно дека победата ќе замине кај гостинскиот тим. На крајот конечниот резултат гласеше 74-95. 

Најдобар поединец кај Цедевита беше Џордан Гејни со 22 поени, додека во редовите на Пелистер се истакна Андреј Митевски, кој впиша 15 поени. За Хрватите ова е четврта победа во групата Д, а Пелистер останува со учинок од една победа и три порази.