Пелистер немоќен на првиот меч, МЗТ сигурно ја започна финалната серија

МЗТ Скопје започна подобро и ја отвори финалната серија со домашна победа над Пелистер (91-76). Прекрасна атмосфера приредија домашните навивачи кои добија награда за непрестаната поддршка во текот на целиот натпревар.

  • Комплетниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Пелистер: 

Бранителот на титулата не дозволи изненадување и ги израдува навивачите со убедливо издание. Следува гостување во Битола, каде избраниците на Марјан Илиевски ќе бидат под притисок да одговорат, ако сакаат да имаат шанси за освојување на шампионскиот трофеј.

Како и на дуелите со Еуро Никел, пелистерци паднаа во второто полувреме. Во воведните две четвртини аеродромци имаа позитива, но таа беше минимална (47-41). Потоа следуваше офанзивна експлозија на домаќинот, кој побегна на двоцифрена разлика и си го отвори патот кон првиот триумф.

Гостите направија своја мини-серија на отворањето на последната четвртина. Меѓутоа налетот на Пелистер пристигна во финишот и не беше доволен за целосен кам-бек. Војдан Стојановски запиша 19, а Немања Милошевиќ додаде исто толку поени за МЗТ, а кај Пелистер се издвои Игор Кесар со 22 поени.