Пелистерци најактивни: Димитар Пандев потпиша за вицешампионот

Вицешампионот Пелистер е најактивната екипа во кошаркарскиот преоден рок. Од денес Димитар Пандев е нов играч на битолскиот прволигаш.

Пандев, кој е висок 208 сантиметри, може да игра како на крилната, така и на центарската позиција, па за очекување е дека ќе биде од големо значење во играта под кошевите. Пандев изминатата сезона ја помина во екипата на Кожув ,каде бележеше 6 поени, 4 скока и 1 асистенција во просек.

Пред овој потпис екипата на новиот тренер Александар Петровиќ се засили со Брајан Антоан, Виктор Ташовски, Андрија Бојиќ и Бобан Стајиќ. 

Битолчани подготовките за новата сезона ќе ги започнат на крајот од август.