• Зоран Мишевски

Со целосно нов проект и десетина нови кошаркари, Пелистер ги започна подготовките за новата сезона. Вицешампионот на Македонија ќе тренира во Битола до петти септември, а потоа екипата на Марјан Илиевски ќе замине на базични подготовки на Златибор.
Таму „зелените“ ќе тестираат против Чачак 94 (седми септември) и Сутјеска (десетти септември), а по седум дена на Златибор, пелистерци ќе заминат во Бугарија на двомеч со Рилски Спортист во Самоков. Пелистерци првпат ќе се претстават пред домашната публика со пријателски натпревар против првакот на Бугарија, Балкан, на 22 или 22 септември.
Нови имиња во зелениот дрес во новата сезона се Костоски, Хот, Стојановски и Американците Бернард и Банди.
Новата сезона во македонскиот шампионат почнува во првата недела од октомври.