Пелистер ќе ја врати неизвесноста во финалето или МЗТ по четврти пат ќе подигне трофеј во Битола?

Битолски Пелистер и оваа сезона обезбеди финална серија во кошаркарскиот шампионат на Македонија, но по воведните два натпревари сега нема право на ниту една грешка. Битолчани денес го пречекуваат МЗТ Скопје со намера да ја сопрат серијата на „штрковите“ и да ја вратат неизвесноста во финалето.

По првите две средби МЗТ Скопје извојува две победи и е пред одбрана на титулата во домашниот шампионат. Тимот од Аеродром и тоа како знае како е да се победи Пелистер среде Битола во финалето, бидејќи во претходните две сезони токму во салата „Боро Чурлевски“ го подигнуваше шампионскиот трофеј. 

За да се повтори тоа по третпат, момците на Радуловиќ треба да одиграа поквалитетна партија од претходните две и да останат во трката за историскиот трофеј. Ако тоа се случи и четвртиот натпревар се игра во Битола, а во случај на нова победа на „зелено-белите“ мајсторката ќе биде во Скопје. 

Оваа сезона Пелистер и МЗТ Скопје одиграа супер-возбудливо финале во Купот на Македонија во Битола. „Зелено-белите“ водеа до самиот крај, кога МЗТ блесна кога беше најпотребно и го освои пехарот.