• Иван Димовски
Кошаркарите на Работнички ја забележаа шестата сезонска победа, откако на домашен паркет во СРЦ „Кале“ го совладаа Пелистер со 84-70. Средбата од осмото коло понуди своевидно изненадување, бидејќи скопјани имаа барем блага аутсајдерска улога против вицепрвакот на Македонија.
- Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Пелистер:
Се играше израмнета прва четвртина во која екипите се менуваа во водството. Работнички презеде иницијатива до полувремето, меѓутоа во ниту еден момен не успеа да се одлепи и да изгради предност до пред одморот на кој се замина со 43-34. Поведе домаќинот и двоцифрено со „плус 11“ во вториот дел, а тогаш пелистерци врзаа серија од 0-10 и пријдоа на поен дефицит.
Сепак, Работнички се консолидира и повторно заигра сигурно. Имаше гостинот уште еден налет во завршната четвртина, се приближи на 69-66, меѓутоа домашните знаеја како да реагираат на тоа и до крајот врзаа серија од 15-4 за конечен висок триумф.
Имран Полутак со 28 поени и 14 скока го предводеше Работнички, додека кај пелистерци се истакна Бобан Стајиќ со 20 поени.