Пелистер и МЗТ Скопје по тројна проверка на АБА2 „балонот“ во Сараево

Од денес до 19 декември, Сараево ќе биде домаќин на третиот турнир, на кој, за разлика од претходните два, ќе се играат три кола.

Во босанската престолнина се и двата македонска претставника, Пелистер излегува на терен денеска, а МЗТ Скопје Аеродром ќе има ден повеќе за одмор. Прв противник на битолчани, од 18:00 часот е Широки, додека шампионот утре, од 15:00 часот, се среќава со словенечкиот Хелиос Санс.

Во досегашните четири кола, МЗТ Скопје оствари три победи и се наоѓа на делба на втората позиција, токму со Хелиос, а Пелистер е претпоследен, со биланс 1/3.

Освен денешниот натпревар, лидерот на табелата во македонското првенство, в среда ќе игра против лидерот Борац Бања Лука, а в сабота со Златибор. МЗТ Скопје за противници ќе ги има уште Спарс и Ловќен.