Пелистер и МЗТ Скопје ги дознаа термините за натпреварите во „балонот“ во Сараево

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, ќе биде домаќин на третиот „балон“ во тековната АБА2 лига.

Натпреварите ќе се одиграат во период од 13 до 19 декември. За разлика од првите два турнири, на овој ќе се одиграат три кола. Македонија има два претставници во натпреварувањето. Тоа се Пелистер и МЗТ Скопје, кои ги дознаа термините за декемвриските мечеви.

Петто коло:

  • Широки - Пелистер (13 декември, 18:00 часот)
  • МЗТ Скопје - Хелиос (14 декември, 15:00 часот) 

Шесто коло:

  • Пелистер - Борац Бања Лука (15 декември, 21:00 часот)
  • Спарс - МЗТ Скопје (16 декември, 21:00 часот)

Седмо коло:

  • Златибор - Пелистер (18 декември, 12:00 часот)
  • МЗТ Скопје - Ловќен (19 декември, 19:00 часот)

Пелистерци имаат една победа и три порази во досегашниот тек од сезоната, а аеродромци запишаа три успеси и еден пораз.