Пелистер и МЗТ ги дознаа термините за „балоните“ во новата сезона на АБА 2

Во новата сезона на АБА 2 лигата Македонија ќе има два претставника. Покрај шампионот МЗТ Скопје, дел од регионалното натпреварување ќе биде и Пелистер кој ја прифати понудата од

Во очекување на ждрепката за новата сезона, познато дека и оваа сезона во АБА2 лигата ќе се игра со неколку турнири од затворен систем, таканаречени „балони“. Македонија ќе ја претставуваат МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер и веќе може да си ја планираат сезоната во регионалното натпреварување. 

Иако уште не е официјализиран списокот со тимови учесници, се знаат термините за одигрување на натпреварите од АБА2 лигата. Предвидени се пет „балони“, на кои ќе се одиграат 2-3 натпревари за секоја екипа. 

Првиот „балон“ ќе се игра од 10 до 14 октомври, вториот е на програмата од 8 до 11 ноември, третиот од 13 до 19 декември, четвртиот од 17 до 23 јануари, а последниот од 21 до 27 март. Ова значи дека само во февруари нема да се играат натпревари од АБА2 лигата.

Сигурни учесници во АБА2 лигата за сезоната 2021/22:
* Спарс, Борац Бања Лука, Подгорица, МЗТ Скопје, Младост, Златибор, Слобода Ужице (четвртфиналисти од сезоната 2020/21)
* Ловќен, Широки, Горица, Хелиос, Пелистер, Војводина (пласман во националните првенства)
* Дополнително ќе бидат одредени уште три учесници со специјални покани.