• Мартин Танасковски

КК Пелистер го комплетираше стручниот штаб за сезоната 2026/27. По назначувањето на Тане Спасев за шеф на стручниот штаб, битолскиот клуб продолжува со стратегијата за доверба во млади, едуцирани и амбициозни македонски тренери.
Во тој правец, Пелистер го продолжи договорот и со Владимир Николовски, кој и во новата сезона ќе ја извршува функцијата помошник-тренер на сениорскиот тим.
Николовски веќе неколку години е дел од стручниот штаб на битолчани и соработуваше со повеќе тренери, стекнувајќи значајно искуство. Со продолжувањето на соработката, клубот обезбедува континуитет во работата и дополнителна стабилност во пресрет на новите предизвици.

