• Мартин Танасковски

Новиот Пелистер тргна победнички во Суперлигата на Македонија. „Зелените“ во Битола во првото коло го победија ТФТ (78-70) во првото сезонско дерби со ривалот во шампионатот.
- Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и ТФТ Скопје:
Екипата на Спасев беше поконцентрирана во финишот и затоа успеа да слави над тимот на Смилковски кој се бореше за бодовите во салата „Боро Чурлевски“ до самиот финиш. Многу влијаеше на крајот и мирната рака на Вилсон, кој погоди клучни слободни фрлања.
Прв поентер кај Пелистер на мечот беше Камерон Мекдоуел со 19 поени и седум скока, голем придонес дадоа и Иван Сапунџиев со 14 поени и шест скока и гореспоменатиот Карен Вилсон кој мечот го заврши со 14 поени.
Кај ТФТ Скопје се истакна новото засилување Секој Сила со 31 постигнат поен и девет скока, но поддршка со двоцифрен учинок доби само од Нејкавион Вајт со 12 поени и седум скока зад своето име.










