Пелистер доживеа ужас на гости кај Кожув

Екипата на Пелистер ги разочара своите фанови и доживеа тежок пораз на гостувањето кај Кожув (73-91) во рамки на 16. коло од Првата лига, резултат со кој гевгеличани ја прекинаа мини-кризата која ги зафати во претходните две рунди.

  • Комплетниот натпревар меѓу Кожув и Пелистер:

Кожув имаше два порази во низа од ТФТ и од Тиквеш, но против Пелистер одигра можеби најдоминантно оваа сезона кога ќе се согледаат настапите против екипите од горниот дел на табелата во прволигашкиот шампионат.

Новиот тренер Трајковиќ веројатно не очекуваше ваков епилог, затоа што пелистерци беа цело време во негатива, губеа и со над 25 поени разлика и за влакно го избегнаа најтешкиот пораз во последните пет години.

Оваа сезона МЗТ Скопје го победи Пелистер со 20 поени разлика, а претходно најтешките порази на „зелените“ во последните пет сезони беа против МЗТ Скопје (2020 година, 24 разлика), Еуро Никел (2022 година, 24 разлика) и МЗТ Скопје (2022 година, 24 разлика).

Најдобар стрелец кај победникот Кожув беше Стевановиќ со 31 поен, Вилсон имаше 16 поени, а Бојчев, Пипелиќ и Колев реализираа по 13 поени. Кај Пелистер, Мишковиќ даде 19 поени со уште 11 скока, а Стојановски и Бојиќ реализираа по 11 поени.