• Зоран Мишевски

Дерби натпреварот од шестото коло на Суперлигата во кошарка меѓу Пелистер и МЗТ Сколје траеше два часа и 15 минути и по многу борба, но и тензија победата ја однесе гостинот од Аеродром (67-72).
Дуелот заврши со исклучувачки лични грешки за Никола Малешевиќ, тренерот Борче Даскаловски и директорот Филип Ивановски. Клубот од Битола веднаш објави дека доставил жалба за арбитражата на Ѓорѓевски, Михајловиќ и Огњенов.
„КК Пелистер ја информира јавноста дека веднаш по мечот испрати официјална жалба до федерацијата поради начинот на кои арбитрите ја делеа кошаркарската правда на овој дуел, во кои наместо кошаркарите, тие се најдоа во главна улога“, стои краткото известување на клубот од Битола на социјалните мрежи.
По шест кола ТФТ Скопје е лидер со максимални шест победи, а следат Пелистер, МЗТ Скопје Аеродром и Куманово со скор од пет победи и еден пораз.











