Пелистер ги замени Американците за новата сезона

Екипата на Пелистер продолжи да формира ростер за новата сезона во која ќе игра на два фронта - Првата лига и АБА-2 лигата - и потпиша договор со американскиот кошаркар Ренди Брумант.

Се работи за кошаркар кој е роден во 1998 година во Хјустон, САД, а игра на крилните позиции. Последната сезона ја мина во европската кошарка каде играше за романски Таргу Џиу, а за кој имаше завидна статистика, со 15,9 поени, 4,7 скока и 4,4 асистенции по меч.

Ренди Брумант ќе биде третиот Американец во таборот на „зелените“ за новата сезона, откако претходно пристигнаа Малком Бернард и Кристијан Банди од САД. На спротивната страна, тимот се раздели со Ламан Норман Џуниор кој не ги оправда очекувањата.

Исто така, Пелистер потпиша и со Александар Костоски, Амар Хот и Лука Стојановски.