• Мартин Танасковски

Екипата на Работнички повторно славеше над Пелистер, овој пат со високи 79-50, за водство од 2-0 во четвртфиналната серија во мак-баскетот која се игра до три победи. Серијата се сели во Битола и третиот натпревар ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“:
Проблемот на пелистерци на оваа средба беше слабото второ полувреме, во кое избраниците на Трајковиќ потфрлија напаѓачки. „Зелените“ од Битола во третиот и четвртиот квартал дадоа само 16 поени, или поточно пет поени во третата четвртина и 11 поени во последниот квартал,
Таквата криза тим како Работнички знаеше да ја искористи и сега Пелистер е под императив да победува пред своите гледачи. Роше постигна 18 поени кај Работнички, а Ѓуроски уфрли 15. Одличен беше и младиот Андреј Шошкиќ, кој флертуваше со „трипл-дабл“ - 9 поени, 9 скока и 11 асистенции.
- Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Пелистер:
Кај Пелистер двоцифрени беа Мишковиќ и Галовеј со по 13 поени.