Пејн и Стајиќ диригираа, Кожув лесно го совлада Куманово

Домашниот терен во Гевгелија е тешко освоив, па освен првакот МЗТ Скопје, никој одамна не се израдувал на бодови против Кожув. Моќниот прволигаш од источниот дел од земјата запиша нови бодови, откако во последниот натпревар од шестото коло на Првата лига го совлада Куманово со 83-63 (13-13, 31-16, 28-21, 11-13).

Првиот квартал беше преполн со грешки, мал број на поени и чести менувања на водството. Така, 13-13 гласеше резултатот по десет минути и никој не можеше да претпостави декаа натпреварот ќе биде симултанка на гевгеличани. На почетокот од вториот период Стајиќ и Пејн со серија 12-2 го оддалечина домашниот тим. Избраниците на Петровиќ останаа без реакција, двапати подолг период не постигнаа поени и втората четвртина им припадна на гевгеличани со 31-16. 

Со истата инерција со која заврши вториот период, започна и третиот и предноста на Кожув порасна на +20. Куманово не можеше да се врати во натпреварот и лесно загуби со 83-63.

Во победничкиот тим на Кожув најефикасни поединци беа Пејн со 18 и Стајиќ со 16 поени, додека кај Куманово одличен натпревар одигра Младеновиќ со 16 поени.