• Зоран Мишевски

Маркус Пејџ го напушти Партизан по три години и веднаш најде нов клуб. Одличниот дефанзивец освои два Купа на Радивоје Корац со Партизан.
Новиот тренер на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ не сметаше на него и беше слободен да избере нова средина. Пејџ потпиша едногодишен договор со францускиот прволигаш Орлеанс.
Тој потпиша едногодишен договор со овој француски клуб и веќе беше официјално претставен во новиот клуб. Новото првенство на Франција почнува на први октомври.