Пех за Мајами: Драгиќ се повреди и е неизвесен за остатокот од финалето

Драгиќ

Повредата на Горан Драгиќ одигра важна улога во конечниот исход на првиот финален натпревар меѓу Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс.

Словенецот остана на паркетот само 15 минути, а потоа поради повреда на стапалото мораше да замине во соблекувалната. Засега нема официјални информации од прегледите, а фановите на тимот од Флорида стравуваат дека плејмејкерот би можел да го пропушти остатокот од НБА финалето.

Мечот не го заврши ниту Бам Адебајо, но тој би требало да биде подготвен за вториот дуел овој петок.

Лејкерси започнаа фуриозно и му нанесоа голем удар на ривалот, најавувајќи дека се подготвени за враќање на шампионскиот прстен во „Стејплс Центар“.