Педулакис заработи отказ, ПАО во потрага по нов тренер

Клупата на грчкиот гигант Панатинаикос е една од нејнестабилните оваа сезона. По заминувањето на легендата Жељко Обрадовиќ, скоро секоја година се менува предводникот, а често и среде сезона следи тренерска рокада. 

Од синоќа Аргирис Педулакис повеќе не е тренер на Панатинаикос. Откако во четвртокот по две продолженија „детелинките“ загубија од Алба во осмото коло од Евролигата, Педулакис ја плати цената со отказно решение. 

Овој неуспех се надоврзува на елиминацијата од Купот на Грција од Промитеас. Педулакис летово го замени Американецот Рик Питино, но не успеа да се наметне и како и во минатото заработи отказ пред истек на договорот.

Следната недела се очекува назначување на новиот тренер на грчкиот гигант, а многу веројатно тоа ќе биде странски стручњак.