Павел Данаиловски e најновото засилување за ТФТ Моцарт

Екипата на ТФТ Моцарт продолжува со засилувањата и креирање на ростерот за новата сезона, во која ќе се натпреварува во домашното првенство и во АБА2 лигата. 

Најново име во тимот од скопско Тафталиџе е поранешниот младински репрезентативец, Павел Данаиловски, кој доаѓа од редовите на Работнички.

Тој е втор кошаркар кој доаѓа во ТФТ Моцарт од редовите на најтрофејниот македонски клуб, по Горјан Марковски кој пред неколку дена го засили амбициозниот прволигаш. 

Новата сезона во македонскиот шампионат почнува на први октомври, а во АБА2 лигата осум дена подоцна.