• Зоран Мишевски
Женската кошаркарска екипа на Патриот 2016 од Делчево обезбеди пласман во Првата А лига, откако во спортската сала „Методи Митевски Брицо“ вчера ја совлада екипата на Струга 2009.
По првата победа на гостински терен со 56-58, „патриотките“ славеа со убедливи 76-55, со што си обезбедија натпревар со шампионот Баскет Кам во разигрувањето за титулата во најелитното по квалитет натпреварување во женска кошарка.
Тренерот на деччевки Љупо Петровски не можеше да го скрие задоволството што конечно целта е постигната, особено ако се знае дека совладана е цврстата екипа предводена од поранешниот селектор Владимир Ѓоровиќ.
Натпреварот во Делчево се одигра пред полни трибини за што од домашниот тим упати огромна благодарност за нивната поддршка.