Патрик Беверли поради лични причини го напушта Хапоел Тел Авив

Искусниот Патрик Беверли реши да го напушти Хапоел од Тел Авив и наскоро ќе ги промени клупските бои. Неговиот трансфер во Израел беше навистина шокантен, а сега реши да ја раскине соработката поради тешката состојба во која се наоѓа земјата. 

„Имам сопруга која е од Иран, а нејзиното семејство е тука со нас и минуваше низ многу стресни моменти. Не сакам да кажам дека ми поставија ултиматум, но морав да донесам некаква одлука зашто ова стануваше неподносливо“, изјави Беверли. 

За неговите услуги има интерес од неколку силни европски екипи, па наскоро се очекува да ја дознаеме следната дестинација во кариерата. 36-годишниот плејмејкер претходно настапуваше за Днипро, Олимпијакос и Спартак Санкт Петербург, а играше и за пет НБА франшизи.