Патиките на Џордан со кои играше во 1984 на аукција, почетната цена е МИЛИОН долари

Патиките што ги носеше легендарниот Мајкл Џордан на почетокот на својата НБА кариера може да се продадат за неверојатни милион и пол долари.

Аукциската куќа „Sotheby“ ги стави на аукција потпишаните патики на кошаркарската легенда што ги носеше на петтиот натпревар во кариерата. Се наведува дека Џордан со овие патики играл на први ноември 1984 година, и во моментов тие се најстарите што ги користел еден НБА играч, а кои се продаваат.

Станува збор за патики на „Nike AirShips“, а „Sotheby“ процени дека вредат помеѓу милион и милион и половина долари.

Секако, тоа е најскапиот пар патики во светот на спортот и звучи неверојатно дека некој ќе издвои милион за потпишани патики на славниот кошаркар. Аукцијата ќе се одржи на 24 октомври, а почетната цена е одредена на милион долари.