• Саше Љолес
Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејз, доби словенечко државјанство и во иднина ќе може да настапува за „змајчеки“, соопшти Кошаркарската федерација на Словенија.
26-годишниот Хејз дал заклетва во словенечката амбасада во Вашингтон, а државата веднаш му ја издала патната исправа со која станува европски граѓанин.
Од федерацијата најавија дека Хејз нема да биде дел од репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство 2027 година, но се очекува да биде на располагање ако Словенија обезбеди учество на планетарниот собир.
Словенечките навивачи веќе му посакаа добредојде на новиот член на нивната национална селекција, со надеж дека ќе претставува големо засилување за ростерот предводен од супер-ѕвездата Лука Дончиќ.
