Партизан во доминантно финале славеше над Минор и го освои „Драган Василов – Цевка“

Екипата на Партизан од Белград е победник на третото издание на традиционалниот меѓународен турнир „Драган Василов – Цевка“ во Скопје, откако во финалниот натпревар ја оправда улогата на фаворит и го совлада Минор 2015 од Перник со високи (81-56).

Во борбата за трето место меѓу екипите на  Клуж Напока и Интер Братислава, победи тимот од Словачка со резултат 67-63.

Петтото место на турнирот му припадна на тимот од нишки Тријумф, кој беше подобар во дуелот со скопски Вардар (76-41), a во борбата за седмото место МЗТ Скопје победи со резултат од 67-53 против тимот на Ол Стар од Подгорица.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Иво Валентинов од тимот на Минор 2015 Перник, додека пак МВП наградата, за најдобар играч на турнирот, ја понесе Лука Павловиќ од тимот на Партизан.

Од Општината Аеродром потврдија дека овој турнир останува да биде во програмата на општината и како традиционален секоја година ќе се реализира во заедничка организација со Кошаркарската федерација на Македонија и Олимпискиот комитет.