Партизан со ново видео од тепачката: Кој ги исече клучните моменти? (ВИДЕО)

Екипите на Црвена Звезда и Партизан ја завршија серијата во АБА-лигата, меѓутоа не престануваат реакциите за тепачката која беше увертира на третиот натпревар меѓу Стефан Лазаревиќ од Звезда и Џејмс Нанали од Партизан.

Црвена Звезда тврдеше дека нивниот играч бил удрен прв од страна на Нанали, ама Партизан објави ново видео. Во соопштението црно-белите потенцираат дека се избришани клучните докази од камерите.

„КК Партизан Моцарт Бет ги прави достапни снимките на јавноста и ги повикува сите сами да проценат кој и зошто би можел да избрише клучен дел од камерата на соблекувалната на Партизан. И за крај, КК Партизан Моцарт Бет како куриозитет додава дека спортскиот директор на КК Црвена звезда, Милан Дозет, по инцидентот им сугерирал на претставниците на Партизан да се заборави се и да се избришат снимките. КК Партизан тоа го одбива!“, велат од Партизан.

За белградските клубови следат нови пресметки, овој пат во српскиот кошаркарски шампионат.