• Иван Димовски

Кошаркарите на Партизан стигнаа до голема победа на гостувањето во Монако (69-86), во рамките на 26. коло на Евролигата.
Српскиот тим стави крај на серијата од три победи на тимот од Кнежевството, надигрувајќи го домаќинот во „Гастон Медесин“. Ова е голем чекор напред за Партизан во борбата за место во доигрувањето на елитното натпреварување.
Што се однесува до текот на натпреварот, Монако имаше предност само на стартот на средбата. Потоа Партизан се наметна и почна да си гради водство, а клучниот исчекор кон победата го направи во последната четвртина.
До триумф Партизан го предводеа Браун со 18, Џонс со 17 и Дејвис со 15 поени, додека Ник Калатес во Монако уфрли 14, а Мајк Џејмс 13 поени.