Партизан се врати од бездната и по продолжение ја освои „Морача“

Кошаркарите на Партизан со голем пресврт го победија домашниот тим Будуќност со 88-94, пред 5.250 гледачи во преполната „Морача“, На почетокот од финалната плеј-оф серија од АБА лигата  „црно-белите“ поведоа со 1-0 во победи и направија значаен брејк.

Со серија 8-0 екипата на Обрадовиќ се избори за продолжение. Камењаш промаши две слободни фрлања, па Тајрик Џонс атрактивно заби на три секунди до крајот и го одведе мечот во продолжение. Потоа српскиот тим се разгоропади и го дотолчи црногорскиот шампион.

Стерлинг Браун блесна со 30 поени, но во клучните моменти се истакна Бонга кој оствари „дабл-дабл“ ефект од 12 поени и 11 скока. Кај Будуќност најефикасен беше Ферел со 17 поени.

Вториот натпревар ќе се игра исто така во Подгорица, е сабота во 21:00 часот.

ФОТО/PHOTO; ABA liga