Партизан се издигна од загубен натпревар и ги „тресна“ соседите за нов Куп-трофеј

Во натпревар кој уште долго ќе се прераскажува, Партизан ја совлада Црвена Звезда во финалето на Купот на Радивоје Корач во Ниш и со тоа го одбрани трофејот освоен на истото место минатата година. „Црвено-белите“ имаа добиен натпревар, се чинеше дека лесно ќе ги приведат шесте поени предност и напад на половина минута до крајот, но им се случи дебакл. Партизан на две секунди до крајот израмни од слободни фрлања и потоа во екстра времето славеше со 85-84.

Три четвртини беше неверојатно израмнето, со цврсти одбрани и мал број на поени. Берон и Гист ја поведоа Црвена Звезда на тренерот Шакота и се чинеше дека натпреварот е решен. Сепак, Јарамаз го врати Партизан во натпреварот, а Пејџ ги погоди последните слободни фрлања за 78-78 на крајот од регуларниот тек. 

Во продолжението Јарамаз постигна пет поени за 86-81 за „црно-белите“. Берон и Браун го вратија АБА-првакот на -1, дури и момците на Шакота имаа напад, но Браун беше блокиран и започна „црно-белото“ славје.

Најефикасни поединци во тимот на Партизан беа Пејџ со 21 и Јарамаз со 19 поени. Младиот српски кошаркар беше прогласен за најкорисен кошаркар на финалето (МВП). Браун со 17 и Давидовац со 16 поени се истакнаа во тимот на Црвена Звезда.