Партизан рутински против Крка, совршен старт за Дубаи во АБА лигата

Кошаркарите на Партизан успешно ја отворија новата сезона во АБА лигата и славеа на домашен терен против словенечката Крка со конечен резултат 84-78. 

Крка одигра одлична трета четвртина, која ја доби во своја полза со 31-19, но добрата „залиха“ од првото полувреме на Партизан му овозможи помирна завршница на мечот. Во последните седум минути белградскиот тим имаше предност од десет поени, не дозволувајќи никакво изненадување на крајот. 

Најефикасен во победничкиот табор беше Вања Маринковиќ со 15 поени, додека на спротивната страна Крка го имаше Американецот Виктор Бејли, кој беше најдобар поединец на мечот со 22 поени и пет скокови. 

Екипата на Дубаи покажа сила и убедливо го порази хрватскиот Сплит со конечни 92-58. Двејн Ли Бејкон забележа 17 поени, а уште тринаесет придодаде Филип Петрушев. 

Во следното коло тимот од Обединетите Арапски Емирати ќе игра против Борац Чачак, додека Партизан ќе гостува кај екипата на Сплит.