Партизан прв полуфиналист во Суперкупот на АБА-лигата

Српскиот претставник во регионалната АБА-лига, екипата на Партизан е првиот полуфиналисто во Суперкупот на кошаркарското натпреварување, затоа што со 77-91 славеше против Морнар Бар.

Белграѓани и Морнар играа тесен натпревар, се до последниот период, во кој српскиот тим славеше двоцифрено (14-24) и дојде до значајна победа над ривалот. Во клучните моменти одличен беше Гагиќ, кој имаше поддршка и од Лендл.

Токму Гагиќ беше прво име во ростерот на Партизан со 23 поени, а го следеше Маринковиќ со 16 поени. Кај Морнар Бар, Керингтон даде 20 поени, а Урош Луковиќ застана на 12 поени.

Во наредната фаза Партизан ќе игра со подобриот од мечот меѓу Будуќност и Игокеа.