Партизан продаде 10.000 сезонски билети по враќањето во Евролигата

Враќањето на поранешниот европски шампион, Партизан од Белград, во Евролигата побуди голем интерес кај српската јавност, посебно кај фановите на „црно-белите'.

Партизан соопшти дека го соборил рекордот на елитното европско клупско кошаркарско натпреварување според бројот на продадени влезници. Првиот човек на белградскиот клуб објави на социјалните мрежи дека за новата сезона 2022/23 се продадени рекордни 10.000 сезонски билети. 

„Кога сите сме како еден, чудата се можни. Сакам да им се заблагодарам на сите кои со купување сезонски билет му изразија доверба на нашиот клуб и тим. Тука сме заедно да испишеме историја“, напиша претседател на Партизан, Остоја Мијаиловиќ на својот Твитер профил.

Тимот на Жељко Обрадовиќ веќе ги започна подготовките за новата сезона и ќе се обиде да биде изненадување во најсилното клупско натпреварување во Европа.