Партизан прими 22 поени во низа во последната четвртина, но го победи Монако!

Кошаркарите за Партизан конечно ставија крај на „црната серија“ во Евролигата и по петте порази во низа ги израдуваа своите фанови со победа во драматичниот натпревар против Монако

Конечниот резултат во Белград беше 78-76, а малку фалеше присутната публика во белградската „Штарк Арена“ да биде сведок на епски пресврт, затоа што гостинките кошаркари во последната четвртина успеаја да се вратат од негатива од дваесет поени (74-54) и да поведат со 74-76. Сепак, во последната минута „црно-белите“ врза четири поени и извојуваа многу важен триумф. 

Најзаслужен за победата беше Вашингтон со 22 поени, а одлични беа уште Покушевски со 17 и Браун со 10 поени. Кај поразениот тим Миротиќ запиша 17, а Џејмс и Диало по 13 поени.

Драматично беше и во Валенсија, каде што домашниот тим му зададе удар на моќниот Реал Мадрид и на крај го совлада со убедливи 89-76. Висока победа извојува и тимот на Виртус Болоња над Анадолу Ефес, со резултат од 99-89.