Партизан поради бизарна причина нема да се бори за шампионскиот трофеј во Србија

Кошаркарскиот клуб Партизан и годинава нема да учествува во битката за шампион на Србија, исто како и лани, пренесуваат српските медиуми.

Како што пишува „Sports Journal“, „црно-белите“ доцнеле со регистрацијата на играчите, па управата на лигата морала да го одбие нивното барање. Рокот за пријавување на овој конкурс беше 24 април, а пријавата од страна на Партизан била поднесена на 29, што е спротивно на правилата.

Партизан и минатата сезона отсуствуваше од натпреварувањето во Суперлигата, годинава не се ни појави на состанокот на суперлигашките клубови, што значеше само едно - а тоа е ова сценарио. „Црно-белите“ овојпат погрешија во администрацијата, бидејќи доцнеа со пријавата за натпреварување.

Партизан и минатата сезона не играше во завршницата од Суперлигата на Србија, откако доброволно го напуштија натпреварувањето. Титулата во српскиот шампионат ја брани Црвена Звезда која во финалето беше подобра од ФМП.