Партизан покажа стил: Белграѓани со џентлменски твит им ја честитаа титулата на „кралевите“

Иако на необичен начин и со многу перипетии остана без место на завршниот турнир на Евролигата, белградски Партизан покажа класа. Српскиот клуб вечерва со порака на социјалните мрежи му ја честита европската титула на Реал Мадрид, клубот кој ги елиминира во четвртфиналето.

„Честитки за неверојатниот карактер и деталите во кои пак излеговте како победници. Им покажавте на сите дека во спортот треба да се верува докрај“, стои во твитот на поранешниот европски шампион од Белград. 

Во серијата од пет натпревари меѓу Партизан и Реал Мадрид дојде до голема тепачка, санкции, поени во последните моменти и пресврти и финална победа на Реал од 3-2 во серијата. Подоцна патот на „кралевите“ не застанаа ни Барса, ни Олимпијакос и по неколкугодишна пауза, европската круна пак се враќа во Мадрид,