Партизан по осум години се враќа во Евролигата

Српскиот кошаркарки гигант, Партизан се враќа во европската елита. „Црно-белите“ по пауза од осум години повторно ќе играат во кошаркарската Евролига.

Ова го тврди српски „Мozzart Sport“, пишувајќи дека управниот одбор на Евролигата ќе се состане во четврток за да одлучи кои две екипи ќе добијат покани за учество во следната сезона.

Со оглед на тоа што Партизан и Валенсија се единствените два клуба кои досега аплицирале за специјални покани, тоа значи дека испразнетите места поради суспензијата на руските клубови ЦСКА и Зенит ќе ги пополнат српскиот и шпанскиот претставник.

Останува само оваа одлука да се официјализира на седницата в четврток, па Партизан да се врати во европската елита по 2014 година.