• Иван Димовски
Еден важен потпис и едно потенцијално заминување го одбележаа денот во редовите на Партизан.
Белградскиот клуб официјално потврди дека Тони Џекири ја продолжил соработката и ќе остане во црно белиот дрес најмалку до крајот на сезоната 2026/27. Нигерискиот центар пристигна од ЦСКА Москва во текот на минатата сезона и брзо се наметна како значајна алка во ротацијата на тренерот.
Tonje Džekiri je potpisao novi ugovor sa #KKPartizan i biće deo crno-belog tima u sezoni 2026/27
Centar rođen 23. jula 1994. godine, pridružio se ekipi Partizana Mozzart Bet tokom protekle sezone, stigavši iz moskovskog CSKA. pic.twitter.com/bCvRYqXW6Z
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) June 13, 2026
По завршувањето на АБА лигата, Џекири јавно истакна дека сака да остане во Белград, а сега клубот и официјално ја потврди неговата верност со нов договор. Искусниот кошаркар во повеќе наврати зборуваше и за одличниот однос со навивачите, како и за задоволството од престојот во српската престолнина.
Во исто време, Партизан би можел да се соочи со заминување на едно од своите важни имиња. Според информациите од Србија, Жалгирис е во завршна фаза од преговорите со Стерлинг Браун и се обидува да го пресели во Каунас пред почетокот на новата сезона. Литванскиот шампион веќе донесе неколку звучни засилувања и очигледно гради значително поконкурентен тим за настапите во Евролигата. Доколку преговорите завршат успешно, Партизан би можел да остане без еден од своите најважни играчи од надворешната линија.
Така, додека Џекири стави потпис на нов договор и ја осигури својата иднина во Белград, околу иднината на Браун сè уште има многу прашалници.

