• Мартин Танасковски

Екипата на Партизан направи подвиг и во „вечното дерби“ против Црвена Звезда во рамки на финалето од Купот на Србија славеше со 76-74.
До триумфот „црно-белите“ дојдоа во драматична завршница. Во самиот финиш резултатот беше 74-74. а победата над лутиот ривал ја донесе Лендејл, со две слободни фрлања. Црвена Звезда имаше напад за изедначување или победа, но тимот не успеа да погоди.
Партизан до Куп-трофејот го предводеа Лејндејл и Ренфро со по 18 постигнати поени, додека кај Црвена Звезда, Берон постигна 18 поени, а по 17 дадоа Давидовац и Регленд.
Со триумфот во Ниш, Партизан успеа да го одбрани ланскиот трофеј и осми пат во историјата го освои ова натпреварување.